Германски Баерн Минхен е подготвен да ја продолжи соработката со својот најдобар стрелец Хари Кејн, кој би требало да остане на „Алијанц Арена“ најмалку до 2029 година. Според ексклузивните информации на новинарот на „Скај Спортс“, Мајкл Бриџ, двете страни веќе постигнале начелен устен договор за продолжување на соработката.