Звучно засилување за Трабзон, Барди доби соиграч од Бундеслигата

Белгискиот интернационалец, Томас Муние, официајлно замина од Борусија Дортмунд и потпиша за Трабзонспор, потврдија од турскиот суперлигаш.

Тимот за кој настапува нашиот Енис Барди добива звучно засилување од Бундеслигата, а Муние зад себе има големо искуство и се очекува да биде солидно пополнување за ростерот. Белгиецот во кариерата играше за францускиот ПСЖ и домашниот гигант Бриж, а своите први чекори ги направи во нисколигашот Виртон

32-годишниот Муние сезонава одигра само осум натпревари за Дортмунд, но во Трабзон сигурно ќе добива значително поголема минутажа. За репрезентацијата на Белгија настапи вкупно 62 пати и постигна осум голови. Трабзонспор во моментов е осмопласиран во елитниот турски фудбал, со 37 бодови на табелата.