• Горан Упале
Њукасл Јунајтед славеше над Ливерпул со 2-1 на „Вембли“ пред два дена и го освои англискиот Лига Куп.
На тој начин, клубот чиј сопственик е еден од најбогатите луѓе во светот, го освои првиот трофеј по пауза од 70 години. Голема заслуга за тоа има менаџерот Еди Хау, а титулата на „страчките“ е многу важен факт за сите Англичани.
Имено, Хау е првиот англиски тренер кој освоил каков боло трофеј на домашен терен од 2008 година. Последен англиски менаџер кој освоил трофеј беше славниот Хари Реднап, кога пред 17 години сензационално го освои ФА Купот со Портсмут.
Звучи неверојатно, но уште пошокантно е што ниту еден англиски менаџер никогаш не ја освоил Премиер лигата.