• Иван Димовски

Фудбалерите на Рома се радуваа на победа на гостувањето кај Парма на „Енио Тардини“ со 0-1 (0-1). Пресметката од 25. коло ја реши единствениот погодок на Матиас Суле во првиот дел, а домаќините немаа сили за враќање со играч помалку.
- Извештај од натпреварот:
Средбата тргна со по една шанса пред двата гола, а по половина час игра Џовани Леони направи глупост и доби црвен картон. Тој сопна противник кој беше во чиста гол-шанса и судијата Даниеле Кифи по асистенција од ВАР собата го исклучи. Рома доби слободен удар од околу 20 метри, а Матиас Суле го реализира за 0-1 во 33. минута. Аргентинецот имаше и мала помош од живиот ѕид при погодокот.
Во продолжението Парма немаше сили да парира со десетмина. Се обидуваше гостинската екипа да ја удвои позитивата, шанси имаа Суле, Пелегрини и Салах-Един, меѓутоа голманот Зион Сузуки беше присебен и одново ги покажа своите знаења.
Рома ја продолжи добрата низа од девет натпревари во Серија А без пораз и стигна до 37 бода на деветтата позиција. Од друга страна Парма има 20 бода на 18. место.