• Мартин Танасковски
Босански Зрињски даде голем отпор, но не успеа да издржи со Кристал Палас. Доживеа пораз во Англија (0-2) и така ги заврши и настапите во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА.
Екипата која важеше за аутсајдер му даде голем отпор на премиерлигашот. Во БиХ, Зрињски одигра нерешено со ривалот, додека на Островот, мечот го решија два гола, вториот гол падна во екстра-времето кога Зрињски тргна на се или ништо. Првиот стрелец за Кристал Палас на овој меч беше Лакрокс, кој во 36. минута погоди по асистенција на Вартон, додека во 93. минута, Гесан ги постави конечните 2-0.
- Кристал Палас - Зрињски 2-0:
АЗ Алкмар на домашен терен покажа моќ, го надигра ерменски Ноа (4-0) и обезбеди место во осминафиналето. За холандскиот тим стрелци беа Минјанс кој даде два гола, а еднаш погодија и Јенсен и Дал.
- АЗ Алкмар - Ноа 4-0:
Лозана, тимот кој го елиминираше Вардар во квалификациите, испадна од чешка Сигма Оломуц, со пораз од 1-2 на домашен терен во Швајцарија. Сип и Рушек погодија за гостите, додека единствен стрелец за швајцарците беше Јанех. Лозана успеа да израмни пред самиот финиш во 95. минута, ама голот беше поништен со ВАР заради офсајд.
Последниот осминафиналист е Лех Познањ, со домашна победа против Купс од 1-0, во меч кој го реши Родригез во 65. минута.










