ВИДЕО: Зовреа страстите кај Силекс и Динамо по крајот на мечот на ФФМ!

Екипата на Силекс испадна од Конференциската лига на УЕФА по пенали. Динамо Минск победи во Скопје со 0-1, поуспешна беше и во пеналите со 5-6 заради промашувањето на Ангелче Тимовски.

По мечот, зовреа страстите на тренинг-центарот на ФФМ. Гостите влегоа во вербален дуел со играчите на македонскиот тим и следеше судир на двата тима.

Сепак, брзата реакција спречи поголем инцидент по крајот на натпреварот и страстите се смирија.