Зошто Модриќ ја вади траката за коса при изведување на пеналите?

Многумина љубители на фудбалот забележаа дека Лука Модриќ ги изведуваше ударите во пенал серијата против Данска и Русија без траката за коса, која со години е негов заштитен знак.

По пласманот во полуфиналето и победата над Русија, Модриќ откри дека ја извадил траката за коса, бидејќи сакал да има ист тек на настаните и на тој меч, како на оној претходниот против Данска. А и тогаш пеналот го изведе без траката, како и против Русија.

Доколку се шутираат пенали и против Англија, нема сомнеж дека 32-годишниот Модриќ повторно ќе ја извади траката. Не е тоа единствен ритуал во хрватската репрезентација за време на Мундијалот во Русија,

Модриќ избра секогаш Хрватска да ги шутира втора пеналите, иако можеше да избира, и иако статистиката покажува дека поголема предност имаат екипите што први шутираат во пенал серијата.