Зошто е подобро да играме бараж преку квалификациите отколку преку ЛН?

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешени 1-1 против Казахстан во квалификациите за Светското првенство. По натпреварот во Скопје кој не успеавме да го добиеме, разочарувањето беше големо и кај фудбалерите и во јавноста. Сепак, не треба да се очајува бидејќи не загубивме премногу со овој резултат. 

Македонија сè уште е во трка за второто место кое води во баражот. Да не се залажуваме, очекувањата дека Белгија ќе киксне двапати во последите три кола не беа многу реални. Во трката за местото кое води во баражот остануваме ние и Велс. Математиките тука се јасни и ќе мора да извлечеме позитивен резултат во Кардиф во ноември. 

<<< - ПОВРЗАНО - Од исходот на мечот Лихтенштајн - Велс зависи дали реми ќе ни биде сојузник во Кардиф!

Каков и да е исходот од мечот во Вадуц, имаме сè во свои раце во борбата за второто место. Впрочем, за да се биде пред одреден тим треба и да го победите, па сè е кристално јасно. 

Македонија в џеб има речиси сигурен бараж со освојувањето на групата во Лигата на нациите. Сепак, важно е да се избори место во доигрувањето преку квалификациите, а еве зошто: 

  • Бараж преку ЛН значи место во четвртиот шешир и можни ривали би биле селекции како Италија, Турција, Украина, Полска...
  • Бараж преку квалификациите за СП значи место во вториот или третиот (веројатно третиот шешир), па тука има селекции како Велс, Шкотска, Чешка... 

Според ранкингот, ако Македонија го освои второто место во групата Ј од квалификациите голема е веројатноста да бидеме сместени во третиот шешир. Сепак, сето тоа е засега далечно, играчите се враќаат на клупските обврски, а Велс ќе остане во мислите за ноември.