• Горан Упале

Синоќа, некогашниот португалски гигант, Боависта забележа нов пораз во домашното првенство, откако со 3-0 загуби од Авеш, но мечот ќе биде запаметен по бизарната ситуација која се случи во финишот од мечот.
Во 70. минута Авеш постигна гол за 3-0, но судијата побара помош од ВАР-технологијата да ја испита регуларноста на истиот, но кога го доби одговорот од видео-судиите сите останаа шокирани.
Всушност, ВАР не беше во можност да одлучи за регуларноста на голот, бидејќи ѝ пречеше големото знаме кое во тој момент го вееја фановите на Боависта. На социјалните мрежи очевидци тврдат дека погодокот не беше регуларен, односно стрелецот беше во офсајд, но голот беше признат.