• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен натпревар во лудата победа на Џирона над Леганес од 4-3.
Нашата „деветка“ изнуди пенал и сите очекуваа тој да ја шутира најстрогата казна, но тренерот Мичел се реши да го извади од игра и на негово место да влезе Стуани, кој беше сигурен реализатор од 11 метри. По завршувањето на средбата Мичел објасни зошто се реши за таков потег. Причината е повредата на Миовски на скочниот зглоб.
„Знам дека сакаше да го изведе пеналот. Го боли скочниот зглоб, сакав да го изведе пеналот и многу ми е жал, но мислам многу на здравјето на играчите. Лекарскиот тим рече дека скочниот зглоб на Миовски е оштетен и не сакавме да ризикуваме повеќе од потребното“, рече тренерот на Џирона.
Во следните денови ќе се знае сериозноста на повредата на нашиот ас и дали Миовски ќе му се стави на располагање на Милевски за последниот репрезентативен прозорец оваа година.