Знаете ли зошто Родри ја избра Барселона пред Реал Мадрид?

Шпанскиот репрезентативец Родри кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Барселона, откако ја одбил понудата на Реал Мадрид и ја соопштил својата одлука на раководството на „кралскиот клуб“.

Според шпанскиот „АС“, Реал неодамна му претставил финансиски многу атрактивна понуда, но играчот никогаш не покажал јасна желба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Поради тоа, во Мадрид ја прифатиле неговата одлука без поголемо изненадување.

Во Реал сметаат дека секој фудбалер кој доаѓа во клубот мора да биде целосно убеден во таквиот чекор, а кај Родри не ја почувствувале таа решителност. И покрај тоа што го ценат неговиот квалитет, лидерските способности и статусот капитен на шпанската репрезентација, во клубот веруваат дека веќе имаат решенија за таа позиција.

Како главни причини за изборот на Барселона, Родри ги посочил стилот на игра на каталонскиот гигант, наследството што го оставил Пеп Гвардиола, како и одличните односи што со години ги градел со повеќе фудбалери на Барселона преку настапите за шпанската репрезентација.

Реал Мадрид во два наврати контактирал со Манчестер Сити за да ја испита можноста за трансфер, но разговорите никогаш не прераснале во официјални преговори, бидејќи немало јасен сигнал од играчот дека сака да се пресели во Мадрид.

Според информациите, Барселона ќе плати околу 60 милиони евра за трансферот, а Родри треба да потпише четиригодишен договор со годишна бруто-плата од речиси 30 милиони евра.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.