Знаете ли кој е човекот со најмногу „Ел Класико“ средби без пораз во 21. век?

Сејду Кеита

Доминацијата на Пеп Гвардиола и неговата Барселона во дуелите со Реал Мадрид му донесе несекојдневен рекорд на еден од неговите најголеми борци од таа генерација.

Кога се зборува за човекот со најмногу „Ел Класико“ настапи во 21. век без да почувствува горчина на пораз, треба да се погледне во средниот дел од тимот кој владееше со европскиот и светскиот фудбал пред околу десет години.

Покрај Чави и Иниеста во организацијата на играта учествуваше и Сеиду Кеита, кој е фудбалерот со седум дерби средби против „кралевите“ и ниту еден негативен резултат (шест победи и едно реми).

Интернационалецот од Мали имаше задача да ги врши „валканите“ работи при нападите на противниците. Понекогаш знаеше да заигра на централната дефанзивна позиција, што беше доказ за неговиот талент да игра на повеќе позиции.