Знаете ли кое напаѓачко трио има најуспешна сезона во историјата на ПЛ?

Анелка

Неодамна Гери Невил направи споредба меѓу нападот на Манчестер Јунајтед и моменталното трио напаѓачи на Ливерпул. Според поранешниот англиски репрезентативец Карлос Тевез, Вејн Руни и Кристијано Роналдо се далеку подобри во однос на Садио Мане, Мохамед Салах и Роберто Фирмино.

Овој став предизвика дебата во англиските медиуми, кои се потрудија да ископаат интересен податок во врска со најуспешните напади во историјата на Премиер лигата.

На врвот со убедлива предност се Николас Анелка, Дидие Дрогба и Френк Лампард, кои во сезоната 2009/10 запишаа вкупна бројка од 101 голови и асистенции. Зад нив заостануваат Серхио Агуеро, Лерој Сане и Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, кои пред две сезони остварија учинок од 85 гола и асистенции.

Роналдо, Тевез и Руни се на третото место (83), потоа следуваат Салах, Мане и Фирмино (85), а листата ја комплетираат поранешните играчи на Арсенал, Денис Бергкамп, Тјери Анри и Роберт Пирес (79).

Трите ѕвезди предводени од Карло Анчелоти се по малку заборавени од новите генерации фудбалски фанови.