Знаете кои се најлошите напаѓачи во Европа? Двајцата играат за сензацијата во Премиер лигата

Шефилд Јунајтед ja живее најубавата фудбалска бајка во Европа, но во своите редови има двајца напаѓачи кои спаѓаат меѓу најлошите на стариот континент, кога ќе се земе предвид ефикасност пред голот на противникот.

Тимот кој штотуку се врати во Премиер лигата беше еден од фаворитите да се врати во Чемпионшип, но таа приказна не само што не се случи, туку тимот моментално се бори за место во Лигата на шампионите. Шефилд оваа сезона во англиската елита постигна 29 гола, а интересно е тоа што двајцата напаѓачи имаат катастрофален учинок оваа сезона.

Давид МекГолдрик и Оливер МекБрни досега запишаа 46 натпревари во Премиер лигата, а вкупно постигнаа само четири гола. Тие дури 27 пати се најдоа во зицер позиции, од кои реализираа само двапати. Двата гола ги МекБурни, додека МекГолдрик сè уште е на нула. 

МекГолдрик, според статистиката на „SofaScore“, се најде во 15 големи шанси за гол и  никогаш не успеа да ја затресе мрежата. Во оваа статистика на „SofaScore“ се сместуваат сите напаѓачи со минимум десет големи шанси оваа сезона, со што на виделина излегуваат најлошите во петте најдобри европски лиги. 

МекГолдрик запиша 20 настапи во Премиер лигата за Шефилд и единствено може да се пофали само со две асистенции. 

МекБурни пак зад своето име има четири гола оваа сезона, но гледајќи само на головите постигнати од зицер позиции, статистиката вели дека тој постигнал само два гола од 12 големи шанси, што значи дека неговата ефикасност во тој сегмент е 17%. За ова достигнување му беа потребни 26 настапи во Премиер лигата.

<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Чудесен меч на „Брамал Лејн“ - Јунајтед се врати од 0-2, но МекБурни го спаси Шефилд

По оваа статистика се поставува прашањето каде би бил сега Шефилд Јунајтед, доколку МекГолдрик и МекБурни имаа подобар ефект.

Друштво на  МекГолдрик и МекБурни во најлошите напаѓачи ова сезона му прават Лук Де Јонг, Симон Тироди, Алфред Финбогасон, Алваро Мората и Единсон Кавани.