Значителен пад на вредноста на Мане по доаѓањето во Минхен

Мане

Германски „Transfermarkt.de“ направи листа од фудбалери кои во изминатиот период имале значителен пораст или пад на вредноста, според настапите во досегашниот тек од сезоната.

Рекорден „плус“ оствари Јошко Гвардиол од РБ Лајпциг. Хрватскиот интернационалец од 35 скокна на вредност од шеесет милиони евра. 

За разлика од него, неколку звучни имиња запишаа пад. Лошата форма на Садио Мане во дресот на Баерн Минхен му донесе пониска вредност од онаа пред неколку месеци. Сенегалецот сега вреди околу шеесет милиони евра.

Тимо Вернер од РБ Лајпциг е проценет на 25 милиони евра, а Анхелињо од Хофенхајм на 20 милиони евра. Пораст има и зад името на Џад Белингам, кој сега вреди нешто повеќе од деведесет милиони евра.