• Зоран Мишевски

Порто ја освои шампионската титула, а потоа и Купот, совладувајќи ја Бенфика во финалето, но единствениот домашен трофеј, Лига купот, го загуби токму од Брага, која во јануари славеше со 1-0. Значи, не e дека „змејовите“ немаат причина да бидат внимателни, бидејќи во прашање е противник кој со години е меѓу четирите најдобри клубови во земјата (реално, само во сезоната 2009/10 ја заземаа втората позиција) и кои знаат да одиграат многу мотивирано против фаворитите.
Меѓу другото и нивниот последен меѓусебен дуел, тој во јули, во последното коло од претходниот шампионат и припадна на Брага (2-1). Сепак, тој дуел не им значеше многу на избраниците на Сержо Консеисао бидејќи веќе го обезбедија трофејот, додека ривалот сакаше да го мине Спортинг на третото место, како би изборил директен пласман во фазата по групи на Лигата на Европа.
Брага во новото првенство влегува со нов тренер, Карлос Карваљо, кој по 14 сезони се врати на „Каменоломот“. Инаку, оваа екипа имаше невообичаено многу рокади на клупата во минатата година. Минатиот јули на истата седна поранешниот тренер на Црвена Звезда, Рикардо Са Пинто, но поради лошите резултати беше сменет во декември (Брага беше дури осма).
Го замени Рубен Аморим со кој тимот врза седум победи во различни натпреварувања, односно девет меча без пораз. Сепак, на почетокот од март Спортинг го отпушти Силас, а потоа ѝ понуди на Брага 10 милиони евра за Аморим, што управата прифати (инаку, споменатата сума е исплатена пред неколку дена, по сериозното предупредување до „лавовите“). Водењето на тимот му припадна на Кустодиј, кој поднесе оставка на почетокот од јули, пет кола пред крајот, а сезоната ја доврши Артур Жорж.