ВИДЕО: „Змејовите“ покажаа шампионски карактер и со пресврт ја срушија Брага

Првакот на Португалија покажа шампионска реакција и со одлично второ полувреме стигна до победа од 3-1 (2-1) против амбициозниот тим на Брага во првото дерби од новата Примеира. Со голот на Кастро на средина од првиот дел гостите дојдоа до предност и се чинеше дека натпреварот по врнежливото време на „Драгао“ ќе биде тешка мисија за момците на Серџо Консеисао.

  • Извештај од натпреварот: 

Во судиското надополнување од првиот дел „змејовите“ постигнаа два гола и на одмор заминаа со неочекувана предност. Серџо Оливеира израмни, а потоа и Чилеанецот Алекс Телез од пенал погоди за 2-1. 

Вториот дел донесе многу емоции, исклучување на гостинскиот фудбалер Силва и многу жолти картони. Потврда на победата беше вториот гол од пенал на Телес, постигнат во 89. минута.