ВИДЕО: „Златното момче“ на Чоло блесна во полн сјај

Атлетико Мадрид дојде до победа во Лигата на шампионите и славеше над Салцбург (3-2), а човек на натпреварот беше младиот Жоао Феликс.

  • Атлетико Мадрид - Салцбург 3-2:

Португалецот во кој многумина гледаат идна голема ѕвезда даде два гола во мрежата на противникот. „Златното момче“ на Чоло Симеоне имаше прекрасен обид во првиот дел со „ножички“, ама не погоди, па затоа фортуната го посака во второто полувреме.

Атлетико Мадрид губеше со 1-2, па на сцена стапи Феликс. Првиот гол го постигна во 52. минута по асистенција на Кореа, додека вториот пристигна во 85, минута откако прими топка во казнениот простор, одлично ја исконтролира и ја стресе мрежата на австрискиот првак.

„Златното момче“ конечно почна да блеска! Ова беше прва победа на Атлетико, по поразот од Баерн Минхен.