ВИДЕО: Златни бодови за Лил во Нант, Бордо западна во резултатска криза

Гостинска победа за Лил и неочекуван домашен кикс на Бордо во првите два неделни натпревари од 27. коло на Лига 1. Францускиот учесник во Лигата на шампионите сезонава, Лил на младиот стручњак Кристоф Галтие, извојува голема победа на теренот на Нант.

Лил славеше со 0-1, а голот вреден три гола го постигна Андре, по акцијата на Португалецот Ренато Санчез во 58. минута. Со овие три бода Лил се приклучи во трката за европски позиции, што е и цел на клубот оваа сезона.

  • Нант - Лил 0-1: 

Бордо на Пауло Соуса пред своите гледачи ремизираше против Ница на Патрик Виеира (1-1). Де Превиј во 21. минута го доведе домашниот тим во водство, но Унас во 57. минута донесе бод за гостите од Азурниот брег. Како и многу често оваа сезона Бордо не успева да ја сочува предноста и губи драгоцени бодови во борбата за висок пласман.

  • Бордо - Ница 1-1: 

Вечерва со натпреварот на „Групама Арена“, 27. коло ќе го затворат Лион и Сент-Етјен.