ВИДЕО: Златни бодови за Хрватска, Франција конечно победи, Холандија и Белгија без грешка

Хрватска

Хрватска го доби директниот дуел против Данска (2-1) и скокна на првото место во Група 1 од Лига А во Лигата на нации. Домашната репрезентација прокнижи три важни бода на „Максимир“. Борна Соса беше човекот кој донесе почетна предност на овој меч. Бекот шутираше од далечина и погоди на фантастичен начин за славје на „коцкестите“.

  • Хрватска - Данска 2-1: 

Следуваше одговор од скандинавската репрезентација. Кристијан Ериксен прекрасно го пронајде патот до мрежата и израмни на 1-1. Конечен херој на домашната екипа беше Ловро Мејер, кој само две минути по радоста на Данците одново донесе причина за еуфорија на трибините.

Фаворизираната Франција избегна нов кикс и рутински ја надигра Австрија (2-0). Килиан Мбапе и Оливие Жиру спречија нивниот тим да остане на последното место и да ризикува пад во Лига Б. За селекцијата предводена од Дидие Дешамп ова беше прва победа во тековното натпреварување.

Холандија и Белгија продолжија без грешка во Групата 4. Големите фаворити беа подобри од Полска (2-0), односно Велс (2-1). Кевин Де Брујне со гол и асистенција ги израдува „ѓаволите“, а стрелци за „лалињата“ беа Бергвајн и Дамфрис.

  • Полска - Холандија 0-2: 

Луксембург ја прекина победничката серија на Турција (3-3), Фарски Острови ремизираа со Литванија (1-1), а Азербејџан минимално беше поуспешен од Словачка (1-2) во Лигата Ц. Во единствениот меч од Лигата Д, Андора славеше на гости кај Лихтенштајн (0-2).

  • Турција - Луксембург 3-3: 

Состави

Zlatko Dalic

4-3-3

    Kasper Hjulmand

    4-3-1-2