ФОТО: Златни „ајфони“ за златните момци на Јирген Клоп!

Европските прваци, фудбалерите на Ливерпул, пред две недели во финалето од Лигата на шампионите на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ја крунисаа сезоната со шести трофеј од најсилниот европски Куп. 

По повод тој успех сите 27 играчи на Ливерпул, вклучувајќи го и тренерот Јирген Клоп, добиле подарок скапоцени телефони „Ајфон икс“ и тоа во позлатена верзија.

Мобилните телефони се специјално направени за оваа пригода и претставуваат одлична реклама и за компанијата. Фудбалерите беа изненадени на заедничка свеченост по повод успехот, а непосредно пред заминувањето на заслужен одмор.

Новата сезона во Премиер лигата започнува на 9 август со натпреварот меѓу Ливерпул и Норвич, а пет дена подоцна во Истанбул „црвените“ ќе се сретнат со Челзи во Суперкупот на Европа.