ВИДЕО: „Златната замена“ Хесус го израдува Сити на „Кинг Пауер“

Манчестер Сити дојде до триумф кај Лестер Сити (0-1) и се зацврсти на втората позиција на табелата во англиската Премиер лига.

  • Извештај од натпреварот:

Актуелниот првак долго време се мачеше да го скрши отпорот на „лисиците“, а тоа се случи во самиот финиш. Претходно вреди да се напомене дека Серхио Агуеро имаше шанса да го подобри голгетерскиот рекорд, но промаши пенал.

По низа возбудувања, човек на одлука беше бразилскиот напаѓач Габриел Хесус. Влезе во игра во 80. минута од клупата за резерви, а само три минути подоцна стрелаше во мрежата на Лестер. Одлична топка му сервира Ријад Марез, а тој биеше во долниот дел од голот. Судиите ја прегледуваа ситуацијата со ВАР, но немаше офсајд.

Манчестер Сити има 18 победи оваа сезона во Премиер лигата и 57 бода, сега седум повеќе од третопласираниот Лестер Сити. Сепак, битката за титулата е загубена, затоа што Ливерпул е на врвот со огромна бодовна предност.