ВИДЕО: „Златната глава“ на Бензема го спаси Реал Мадрид од срам против Еибар

Екипата на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ потешко од очекувањата славеше над Еибар (2-1) и се доближи до второпласираниот Атлетико Мадрид кој е во исчекување на дерби-дуел со лидерот Барселона.

  • Извештај од натпреварот: 

„Кралевите“ до посакуваната победа пред својата публика дојдоа потешко од очекуваното. Губеа по првото полувреме, затоа што Еибар во 39. минута постигна погодок преку Кардона, но потоа на сцена стапи Карим Бензема, кој даде два гола и го донесе посакуваниот резултат за тимот на Зинедин Зидан.

Францускиот напаѓач успеа да погоди во 59. и во 81. минута од мечот во Мадрид. Двата гола беа слични, со глава. За првиот асистираше Марко Асенсио, додека за вториот топката ја „сервираше“ Тони Крос. Претходно, Еибар дојде до предност со одличен погодок на Кардона, кој беше постигнат како на видео-игра.

Реал Мадрид во наредното коло гостува кај Леганес, додека Еибар се соочува исто така со ново гостување, овој пат кај Реал Сосиедад.

Во пладневниот термин, Еспањол како гостин ја совлада Џирона со 1-2 со головите на Серхи Дардер и автоголот на Јасин Боно.

  • Извештај од натпреварот: