Златко Заховиќ се врати да му помогне на својот матичен клуб

Легендарниот словенечки фудбалер, Златко Заховиќ, се врати на местото на своите најголеми успеси и повторно ја прифати функцијата спортски директор на Марибор, потпишувајќи договор до 2028 година.

Поранешниот фудбалер на Партизан, Порто, Олимпијакос и Бенфика, во својот прв мандат на , оваа функција помина 13 години и беше еден од најзаслужните за најголемите успеси на клубот од стадионот „Људски врт“.

Во меѓувреме, Марибор, кој 16 пати беше шампион на Словенија и трипати настапуваше во Лигата на шампионите, повеќе не е на нивото на кое беше порано. Тимот ја заврши сезоната дури на петтото место на првенствената табела.

Со доаѓањето на Заховиќ, се очекува „закрепнување“ во играчкиот кадар и евентуално враќање на најголемите успеси во домашни рамки.