Златко Таневски нов координатор на младинските погони на Вардар

Досегашниот член на стручниот штаб и поранешен капитен на Вардар, Златко Таневски, официјално е назначен за нов координатор на сите младински екипи на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

Тој до крајот на оваа сезона ќе ги врши и двете функции истовремено, односно ќе ги координира младите и ќе остане член на стручниот штаб на првиот тим.

Вардаровата школа отсекогаш била извор на најдобрите таленти во Македонија, а со овој потег од Вардар велат дека се покажува дека во иднина сериозен акцент ќе биде ставен на работата со младинските школи.

Вардар во моментов игра во ВМФЛ-Запад, а тимот на паузата се наоѓа на третото место и предводен од Никола Глигоров ќе се обиде да се врати во елитата.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк