Златко Далиќ кандидат да ја преземе клупата на Ајакс

Екипата на Ајакс се раздели со Алфред Шредер по серијата лоши резултати. Клубот од Амстердам му врачи отказ на холандскиот стручњак и е во потрага по негова замена. 

Според тамошните медиуми, во потесниот избор на управата се наоѓа селекторот на Хрватска, Златко Далиќ. 56-годишникот одлично ги води „коцкестите“, успеа да освои сребро и бронза на последните две Светски првенства, па има силни препораки. 

Во Амстердам се надеваат дека ќе се договорат со Далиќ, а во меѓувреме тимот ќе го води еден од помошниците. Во својата кариера Далиќ работеше како тренер во Вартекс, Ријека, Динамо Тирана, Славен Белупо, Ал Фаисали, Ал Хилал и Ал Аин, пред во 2017 година да ја преземе клупата на Хрватска.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.