ВИДЕО: „Златен лилјак“ прелета во Краснодар - Гуедес е херојот на Валенсија

Рускиот фудбал ги испрати од Европа своите последни два претставници. Зенит и Краснодар се елиминирани од два шпански претставници и двата од Валенсија. Ако екипата на Сергеј Семак беше убедливо надиграна од „жолтата подморница“, Краснодар со солзи во очите го напушти најмасовниот европски Куп.

Валенсија пронајде енергија во 93. минута и по една прекрасна тимска акција, го постигна „златниот гол“ преку Португалецот Гонзало Гуедес.

„Златниот“ гол на Валенсија во Краснодар: 

По победата од 2-1 на домашен терен „лилјаците“ на Марселињо со вкупни 3-2 се квалификува во четвртфиналето во годината во која клубот слави еден век од своето постоење.