ВИДЕО: Златен гол од пенал на Закариќ, Вардар го чека екстра-време со КуПС!

Екипата на Вардар се врати во целост во натпреварот против КуПС (0-2), со гол од пенал во самиот финиш.

Се играше самиот финиш, кога во 89. минута по еден контакт во шеснаесетникот на Магаса врз Герсон Родригеш, судијата од Шкотска, Метју Мекдермид, покажа на белата точка по прегледување на ВАР.

Одговорноста ја презеде нововлезениот Горан Закариќ, кој реализира за 0-2 и тоа донесе продолженија за македонскиот шампион во квалификациите за елитното друштво.