ВИДЕО: Златен гол на Робинсон, Американците го освоија Голд Купот

По голема драма и по продолженија селекцијата на Соединетите Американски Држави го освои Голд Купот, победувајќи го големиот ривал Мексико со 1-0, откако натпреварот во регуларниот тек заврши без голови. Во тврд и тактички натпревар одлучи Робинсон со глава во 117. минута и кога сите очекуваа изведување на казнени удари, Американците постигнаа златен погодок.

  • Извештај од натпреварот: 

Ако се додаде дека и во четвртфиналето и полуфиналето американската селекција постигнуваше голови во завршницата од натпреварите, дефинитивно за издвојување е карактерот на момците на новиот селектор Бурхалтер. Мексиканците на селекторот Тата Мартино имаа свои шанси преку Корона и Пинеда, но реализацијата им затаи кога најмногу требаше.

Натпреварот на „Алејант Стадиум“ во Парадајс го следеа преку 60.000 гледачи во величествена фудбалска атмосфера. 

Американската селекција пред неполни два месеци го освои и првото издание на Лигата на нации, исто така победувајќи ги во финалето Мексиканците по продолженија. 

Состави

Gregg Berhalter

4-3-3

    Gerardo Martino

    4-3-3