ВИДЕО: Златен гол на Лаборд, Монпелје гледа кон излез во Европа

Гаетан Лаборд е херојот на Монпелје и човекот кој што ја носи Европа во овој клуб. Токму неговиот гол, постигнат во 64. минута на „Жофри Гишард“, донесе голема победа на Монпелје против Сент-Етјен со 0-1 (0-0). 

Со овие три бода Монпелје е стабилно петти со три бода повеќе од Олимпик Марсеј во борбата за петтото место, последно слободно за натпревари во Лига Европа.

  • Извештај од натпреварот: 

„Зелените“ се изнапромашија, Кабела, Бериќ и Нордин ги имаа најзрелите шанси, но мрежата на Лекомт не се тресеше. Во вториот дел беа покажани црвени картони за Конгре кај гостите и Кабела кај домаќините.

Преостанатите натпревари од 36. коло на Лига 1 се играат утре попладне и вечер.