ВИДЕО: Златен гол на Џеко, Рома има резултат за четвртфинале

Рома на почетокот од второто полувреме, практично од првата шанса поведе против Шахтјор со 1-0. По погрешната офсајд стапица на Украинците, босанскиот напаѓач изби пред Пјатов и со удар меѓу нозете ја втурна топката во небранетата мрежа (1-0).

Со овој резултат Рома по една деценија ќе се квалификува во четвртфиналето на Лигата на шампионите.