• Зоран Мишевски
Првенството на Хрватска нуди супер-драматична завршница, бидејќи неколку екипи се борат за титулата и место во квалификациите на Лигата на шампионите. Еден од дерби дуелите во рамите на 30. коло беше денешното гостување на Динамо Загреб на „Рујевица“ во Ријека.
- Извештај од натпреварот:
Аријан Адеми и тоа како остави трага на дуелот и можеви го постигна клучниот гол за шампионската титула на „модрите“. Со голот на Гнезда Черин домашната екипа поведе и долго време водеше.
Емрели во 79. минута израмни на 1-1, а во последните мигови од натпреварот Адеми со ефектно погоди за 1-2 и значајни три бода за лидерот. Покрај Адеми, и вториот македонски репрезентативец Стефан Ристовски почна од првата минута, а десниот бек беше заменет во 76. минута. Кај Ријека Дарко Велковски одигра 82. минути.
Оваа победа го остава Динамо на чело со 63 бода и има натпревар помалку од ривалите. Најблиску до лидерот е Осијек со 61 бод, а третопласиран е Хајдук со 56 бода.