Златан во свој стил: Бог на оваа игра

Екипата на Милан за крај на сезоната во Италија извојува сигурна победа над Каљари од 3-0, а творец на еден од головите на „росонерите“ беше ветеранот Златан Ибрахимовиќ, кој ова лето играше во одлична форма.

Шведскиот напаѓач постигна прекрасен гол, а по дуелот во свој стил даде коментар на социјалните мрежи. 

„Бог на оваа игра“, напиша Ибрахимовиќ на социјалните мрежи со фотографија од синоќешниот натпревар.

Поради тоа што се споредува себеси со Бога, честопати е критикуван од страна на фудбалската јавност, но едноставно тој е Златан. Според последните информации кои доаѓаат од „чизмата“ Ибра најверојатно ја донел своја одлука каде ќе настапува следната сезона и наскоро ќе го продолжи договорот со Милан. 

38-годишниот напаѓач во „својот“ Милан се врати во јануари оваа година и не само што го врати тимот на победничките патеки, туку на 18 натпревари постигна десет гола.