ВИДЕО: Златан стана вечен во САД – го има нај-голот во историјата на МЛС лигата

Ибрта

Преминот на Златан Ибрахимовиќ во МЛС Лигата значително ја зголеми популарноста на фудбалот во Соединетите Американски Држави. 

Неговиот прв настап не разочара и му донесе вечна слава меѓу тамошните фудбалски фанови. Тие го изгласаа неговиот прв погодок во дресот на Лос Анџелес Галакси, со кој се претстави на американската јавност, за најдобар во историјата на лигата.

Швеѓанецот го направи овој подвиг на 31 март 2018 година, кога погоди од речиси половина терен.

Ова ремек-дело донесе израмнување на 3-3, а Ибрахимовиќ подоцна обезбеди победа против градскиот ривал Лос Анџелес.