ВИДЕО: Златан славеше со „Јутро је“ на шампионската парада низ Милано

Златан

Добро познато е дека омилена песна на Златан Ибрахимовиќ е „Јутро је“ од популарната пејачка Нада Топчагиќ.

Српскиот хит стана доста популарен во соблекувалната на Милан, кој оваа сезона се израдува на титулата во Серија А. Нотите од оваа песна се слушнаа и на шампионската парада низ Милано, каде се славеше сo илјадници фанови на „росонерите“.

@butasport.rs Igrači Milana slave titulu uz "Jutro je".  #fyp #foryou #foryoupage #viral #acmilan #champions #seriea #ibrahimovic #jutroje ♬ original sound - butasport.rs

Екипата од „Сан Сиро“ чекаше единаесет години на трофеј во домашното првенство. Истиот го освои со гостинска победа кај Сасуоло минатиот викенд.