• Сашо Поповски

Шведска запиша шокантен пораз на гостувањето кај Грузија и го испушти првото место во Групата Б.
Лошата вечер влијаеше на расположението на Златан Ибрахимовиќ. Во последно време стана популарно навивачите да трчаат на теренот и да бараат прегратка и дрес од своите идоли.
Но, шведскиот голгетер не сакаше да слушне за блиска средба и го оттурна човекот кој дотрча од него на теренот во Тбилиси.
Во последното коло Швеѓаните ќе играат директен судир со Шпанија за првата позиција, која носи пласман на Мундијалот во Катар.