ФОТО: Златан ќе има со што да се фали - избран е за најдобар фудбалер во МЛС!

Златан Ибрахимовиќ, по неуспешната авантура во редовите на Манчестер Јунајтед, пред една и пол сезона се реши да се пресели во МЛС лигата, каде веднаш ги освои срцата на фудбалските фанови во САД. 

Попuларниот Ибра брзо се аклиматизира на американскиот стил на игра и блесна во дресот на Лос Анџелес Галакси, а вчера го доби признанието за најдобар фудбалер во МЛС-лигата на наградите „ЕСПИС“, што ги организира телевизиската спортска мрежа „ЕСПН“. 

37-годишниот шведски голгетер оваа сезона запиша 13 гола на 15 натпревари, додека во минатата стрелаше 22 пати од 27 натпревари во американското прволигашко друштво.