Зизу почна со ротациите: Против Барди и Леванте без Модриќ и Кејлор Навас

По одличните настапи против Израел и Албанија, Енис Барди не можеше да посака поубав крај на професионалната недела од гостувањето кај европскиот и шпански првак, Реал Мадрид. 

Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан не ги повика за дуелот в сабота од 13.00 часот на „Сантијаго Бернабеу“, Хрватот Лука Модриќ и Костариканецот Кејлор Навас.

Двајцата ќе одмораат воочи дебито во Лигата на шампионите, со што јавноста започна да шпекулира дека цела оваа сезона Зидан ќе го ротира ростерот. 

Кристијано Роналдо продолжува да ја излежува казната по црвениот картон во Суперкупот на Шпанија. Се очекува првпат во дресот на Реал Мадрид од првата минута на официјален натпревар да се појави Тео Хернандез, кој е замена за уморниот Марсело.