Зинченко: Мечот со Романија може да биде круцијален, Украина оди на победа

Олександар Зинченко е еден од најквалитетните поединци во украинскиот состав. Дефанзивецот на Арсенал е оптимистички расположен во пресрет на првиот меч против Романија и изјави дека Украина сите противници ги третира со почит, но во исто време играчите веруваат во своите квалитети и во успешен настап на Европското првенство. 

„Најважно е фокусот да ни биде на првиот меч со Романија. Сите силно посакуваме да ја прикажеме нашата најдобра игра и се надеваме на победа во првиот меч.

Ја третираме Романија со иста почит како Словачка и Белгија, но во исто време знаеме дека сме квалитетен состав и свесни сме дека овој меч може да биде круцијален. Позитивниот резултат е императив и мораме да ги израдуваме нашите навивачи кои во голем број пристигнаа во Германија, изјави Зинченко. 

Украина и Романија ќе ги одмерат силите во првиот натпревар од групата Е, кој ќе се одигра на седумнаесетти јуни, со почеток во 15:00 часот.