Зак Кочанковски ново дефанзивно засилување на Беласица

Во пресрет на почетокот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беласица се засили со млад и квалитетен играч кој ќе биде огромно освежување во ростерот на тренерот Александар Стојанов.

Нов член на струмичката гордост е Зак Кочанковски, 21-годишен фудбалер од одбраната кој игра на централната стоперска позиција.

Тој во Беласица доаѓа од австралискиот фудбал, каде беше дел од екипите на Џилонг, а претходно и за тимот на Вестерн Јунајтед. Инаку, минатата година во првиот дел од сезоната Кочанковски настапуваше за Брегалница.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.