• Горан Упале

Веќе неколку години агентите ги редат коцките во модерниот фудбал и тие се главните „играчи“ кога во прашање е некој трансфер на фудбалер. Клубовите ја загубија битката со агентите и ја немаат таа моќ која ја имаа во минатото, па затоа во денешниот фудбал можеме да сретнеме некој изненадувачки трансфер на „анонимец“ за огромна сума на пари.
На оваа тема зборуваше и еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Хаким Зијеч, кој вели дека повеќе не им верува на луѓето во фудбалот, затоа што оваа игра станала големо реално шоу.
„Не сакам луѓе кои менуваат своите ставови. Можам да препознам кој е искрен, кој не. Ако на некој му верувам, тогаш му верувам на слепо. Во фудбалот денес има многу лажговци, затоа сметам дека оваа игра стана големо реално шоу. Луѓето кои не знаат ништо за мене, си даваат за право да зборуваат каков човек сум и што сакам. Таквите ги нарекувам кловнови, сакаат да направат некакви трикови“, вели офанзивецот на холандскиот шампион.
Во последниот период се шпекулираше дека за Зијеч се заинтересирани Баерн Минхен, ПСЖ, Арсенал, Тотенхем и Милан, но многу веројатно 26-годишниот офанзивец ќе остане во Амстердам.