• Сашо Поповски

Хрватска ќе се соочи со Мароко во првиот натпревар од четвртиот ден на Светското првенство во Катар.
Вицешампионот од пред четири години е фаворит на оваа средба. Ѕвездата на мароканската репрезентација Хаким Зијеч вели дека неговиот тим знае што треба да направи против „коцкестите“ на Златко Далиќ.
„Подготвени сме и мислам дека одигравме многу добро против Грузија. Се чувствуваме добро и тимскиот дух е на многу високо ниво. Знаеме што треба да направиме за да ги направиме нашите навивачи горди. Верувам дека ова е одлична можност за нас да покажеме што можеме како тим и како земја.
Играчите во нашиот тим се поврзани, се забавуваме, но ние исто така работиме напорно. Верувам дека таа комбинација е многу важна и се надевам дека ќе нè однесе далеку на овој турнир“, порача Зијеч.
Натпреварот од првото коло во групата Ф се игра во терминот од 11:00 часот.