ВИДЕО: Зијеч промаши најстрога казна во 96. минута, Бенин по пенал-рулетот го елиминира Мароко!

По неколкудневната пауза, вечерва продолжија возбудувањата од Африканскиот Куп на Нациите, а првиот меч од елиминационата фаза ни донесе големо изненадување. 

Претендентот за највисок пласман, селекцијата на Мароко, неочекувано забележа елиминација во осминафиналато, откако немаше среќа во пенал-рулетот против Бенин. 

  • Извештај од натпреварот: 

По регуларните 90 минути, резултатот гласеше 1-1, додека во дополнителните 30 минути мрежите мируваа. Па така првиот четвртфиналист мораше да биде решен по изведувањето на пеналите. Бенин отвори со погодок, а Мароко израмни преку Идризи, но во втората и третата серија непрецизни беа Буфал и Ен Насри и Бенин тоа го искористи и заслужено слави место меѓу осумте најдобри на континенталниот собир. 

Головите во регуларниот дел од мечот ги постигаа Адилу за Бенин за 0-1 и Ен-Несири за Мароко за 1-1. Трагичар на мечот е ѕвездата на Ајакс, Зијеч, кој во 96. минута не успеа да погоди од најстрога казна и дозволи мечот да замине во продолженија.