ВИДЕО: Зијеч по добра тимска акција го „отвори“ Виљареал во Белфаст

Хаким Зијеч продолжи да настапува во добра форма, постигнувајќи гол кој на Челзи му донесе предност против Виљареал во Суперкупот на Европа. 

Во Белфаст, Мароканецот по добра тимска акција реализираше за предност на „сините“ во 27. минута. Акцијата тргна од пред голот на Менди, со долг пас до Хаверц, кој уфрли на пеналтикот. Вернер ја испушти топката, а на неа налета Зијеч и ја смести зад грбот на Асенхо. 

  • Погодокот на Зијеч со Виљареал:

Зијеч во последниот пријателски натпревар против Тотенхем постигна два гола, со што потврди дека е во одлична форма во пресрет на новата сезона. 

Состави

Енцо Мареска

3-4-2-1

    Marcelino

    4-3-3