• Иван Димовски

Екипата на Челзи и официјално го најави Хаким Зијеч како нов играч на клубот, откако за 40 милиони евра ќе премине на „Стемфорд Бриџ“. Сепак, фудбалерот во Англија ќе се пресели по крајот на сезоната.
<<< - ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: Зијеч пристигнува во Лондон за 40 милиони евра
Мароканецот уште минатата сезона го привлече вниманието на големите клубови на себе, со одличните партии во дресот на Ајакс, а сега конечно ќе направи чекор напред во кариерата.
„Мило ми е што сум во форма и можам да уживам во Ајакс последните неколку месеци. Добив многу убави пораки и сакам да се заблагодарам. Се одлучив за чекор напред во кариерата и одам во Челзи, но сè уште имам недовршена работа во Ајакс“, истакна Зијеч.
26-годишникот во дресот на Ајакс одигра 159 натпревари, постигна 48 голови, но забележа и импресивни 82 асистенции.