ВИДЕО: Зијеч го најави СП со маестрален погодок од половина терен

Зијеч

Хаким Зијеч ќе биде прва ѕвезда на репрезентацијата на Мароко на претстојниот Мундијал во Катар.

Неговиот тим победи во пријателскиот натпревар против Грузија. Еден од погодоците му припадна нему и се најде на насловните страници, поради начинот на кој што ја погоди противничката мрежа.

Тоа беше гол за 2-0, а Мароканците постигнаа уште еден за конечен триумф.