ВИДЕО: Зијеч даде два гола од слободен удар, а главен виновник е – Онана!

Екипата на Манчестер Јунајтед во два наврати испушти предност од по два гола и ремизира со Галатасарај (3-3) во петтото коло од Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ освен испуштената предност, можат да жалат и за примените голови, особено двата на Хаким Зијеч. 

Мароканското крило стрела двапати од слободен удар и тоа во двата наврати ударите не беа којзнае какви. Секако, не треба да се одземе од мајсторијата на Зијеч, ама главен виновник при двата гола беше Андре Онана. Камерунскиот чувар на мрежата при првиот прими гол на „својата страна“, откако се помести кон делот од голот бранет од живиот ѕид. Потоа при вториот гол Онана беше изненаден дека топката „долета“ низ средината, па наместо рутински да ја прифати, ја одби во својата мрежа. 

  • Головите на Зијеч и реакциите на Онана:

Овие погодоци не му одат во прилог на голманот кој и онака е под силни критики. Навивачите на Јунајтед се бесни бидејќи клубот прелесно го пушти Давид Де Хеа бесплатно, купи скапа замена, а Андре Онана засега не го покажува својот целосен потенцијал и прави грешка по грешка.

Состави

Okan Buruk

4-3-3

    Рубен Аморим

    4-2-3-1