Зиелински: Ако почнат да се судат овие пенали – ќе ги има по десет на меч!

Фудбалерите на Интер загубија од Ливерпул (0-1) во натпревар од Лигата на шампионите на „Џузепе Меаца“.

Потег кој го реши мечот беше влечењето за дрес на Алесандро Бастони. Иако негодуваа од Интер, судијата Феликс Цвајер покажа на единаесет метри, а Доминик Собослај ја донесе победата. По мечот коментар за ситуацијата даде Пјотр Зиелински.

„Разочарани сме и лути за резултатот... Останавме „кратки“ во неколку наврати кога напаѓавме. За судиските одлуки? Од теренот никогаш не изгледаше како фаул за пенал.

За жал, овие фаули прилично брзо ќе значат дека секогаш се пенал. Ќе се судат по десет на натпревар...“, изјави Зиелински.

За „нераѕурите“ ова беше втор пораз во низа откако во минатото коло загуби и од Атлетико Мадрид.