Зидан се заканува со отказ, хаос во Реал поради трансферот на Нејмар

Нејмар Зидан

Бразилецот Нејмар ќе биде на насловните страници до крајот на преодниот рок. Тој сигурно заминува од ПСЖ, само не се знае во кој шпански гигант - Барселона или Реал Мадрид.

Каталонците се во напредни преговори, но ништо не е готово, барем не според исказите на луѓето од францускиот првак. Од другата страна, „кралевите“ чекаат во втор план, имаат понуда од повисока плата, а исто така се во подобри односи со клубот од Париз.

Спортскиот директор на „принцевите“, Леонардо, побара од мадриѓани помала сума на пари, но во трансферот да биде вклучен младиот Винициус јуниор. Тоа веднаш беше одбиено, па затоа преговорите останаа на „нула“.

Зинедин Зидан е против доаѓањето на бразилскиот напаѓач. Тој смета дека неговото присуство ќе донесе непотребна тензија и пречка за развој на многу млади фудбалери.

Во Шпанија се пишува дека тој би одел и до крајост за да ја оствари својата замисла, дури се заканува со отказ.