Зидан пак „пука“ кон Бејл: Не играше со Баерн, затоа што не сакаше сам!

Зинедин Зидан, стратегот на Реал Мадрид, очигледно не го сака повеќе Герет Бејл во својот тим и сака што побрзо да се ослободи од него. За тоа говорат секојдневните изјави, а најновата која доаѓа гласи дека Велшанецот не сакал да игра против Баерн Минхен.

На пријателскиот натпревар „кралевите“ доживеаја пораз, а шанса од клупата добија сите играчи, но не и Герет Бејл.

„Играчите ми се најважни и јас секогаш ќе бидам со нив. Што се однесува до Герет Бејл, веќе и претходно кажав дека клубот сака да го продаде и вистина е дека тоа во моментов ни е најважно. Бејл не играше против Баерн Минхен, затоа што не сакаше самиот“, изјави Зидан.

За Герет Бејл постои голем интерес од Кина, каде неколку клубови се спремни да платат вртоглави суми за плата, само да го донесат во своите редови.